Вистина или пиј: Најдобри пријатели одговараат на непријатни прашања

Секогаш е забавно да се гледаат овие видеа каде што блиски личности одговараат на интересни и непријатни прашања поврзани со нив. Во овој дел, можеме да видиме како најдобрите пријатели и пријателки одговараат на прашања како „Ако некој ти понуди милион долари да не зборуваш веќе никогаш со мене, дали би го направил/а тоа?“ или „Ти се допаѓал/а ли некогаш личност со која сум се состанувал/а?“ Тие имаат два избора, искрено да одговорат на прашањето или да се напијат еден шот.