Вака изгледате кога се обидувате да направите селфи

Слефито е дар и проклетство на денешницата. Овозможува секој да биде во центарот на вниманието со цел да се задоволи тој внатрешен нарцис кој тлее во секој од нас. Напрчените усни, т.н. duck face и обликуваните бицепси веќе не се хит. Сега е потребно да се измислуваат нови начини и креативни пози за да бидете интересни кога ќе ја објавите фотката на социјалните мрежи. Иако многумина не трошат толку време за да се наместат за совршената селфи фотка, оваа девојка сосема добро ни покажува колку глупаво изгледа кога тоа го гледа некој отстрана.