Убавината од изминатите 100 години прикажана во 1 минута

Штом совладате еден тренд, веќе дошол нов. Модата во шминката и фризурата се менува толку бргу, што ако не внимаваме лесно може да станеме олицетворение на модата од минатата сезона или дури на минатата деценија. Колку и да се динамични промените, тоа не можеме сосема да го забележиме освен ако не ни е убаво прикажано како во ова тајмлапс видео. Еден модел, 11 децении и 11 различни изгледи. Кој ви е омилен?