Социјален експеримент: Двајца момци глумат хомосексуален пар со цел да видат како луѓето ќе реагираат

Со новостите за легализација на хомосексуалните бракови во Америка, можеме слободно да кажеме дека започна нова ера во животот на човештвото. Но, и покрај тоа што постојат држави во кои е сосема нормално еден хомосексуален пар да шета заедно, рака под рака, во повеќето од нив, вклучувајќи ја и Македонија, тоа е нешто што луѓето едноставно не сакаат да го гледаат на улиците. Токму тоа ни го покажува и ова видео, каде што овие двајца момци ќе добијат многу негативни коментари, ќе им се дофрлаат погрдни зборови и најлошо од сè, ќе бидат дури и физички нападнати само затоа што одат држејќи се рака.