Правила за носење сако
Правила за носење сако

Ова се задолжителните правила за вистинските џентлмени за тоа како да го закопчуваат сакото од костумот:

1. Ако сакото има едно копче, кога стоите исправени копчето е закопчано, пред да седнете го откопчувате сакото.

2. Ако сакото има две копчиња, кога стоите само горното е закопчано, а долното секогаш останува откопчано. Се разбира пред да седнете го откопчувате сакото.

3. Ако сакото е со три копчиња, средното задолжително е закопчано кога стоите, најгорното го закопчувате по избор, додека најдолното стои откопчано. И тука важи правилото дека го откопчувате сакото пред да седнете.