Ова малечко детенце неизмерно му се радува на летниот дожд!

На децата не им треба многу. Не им се потребни скапи телефони што веднаш ќе ги искршат – затоа што се деца, потребни им се мали мигови на среќа. А среќата во случајов не е ништо повеќе од летно дожденце. Ова дете за прв пат го искусува летниот дожд и радоста е неизмерна. Од неговото весело лице се гледа дека тоа го сака дождот и постојано го моли својот татко да одат уште еднаш надвор.