Погледнете како ова девојче со редок вид анемија растура играјќи зумба

Одри Нетери има посебен вид анемија – нејзината коскена срж не може да создава црвени крвни зрнца, но ретката болест дефинитивно не ја спречува во нејзината желба и љубов кон танцот. Одри била поканета на отворената конференција за зумба во Орландо заедно со нејзиниот инструктор и некои од најдобрите зумба танчари. Голема е веројатноста да сакате да го гледате видеово неколку пати затоа што нема нешто што повеќе ќе ве развесели од ова девојче кое го дава животот за танцот.