Погледнете како човеков си го собира добитокот

Зошто и кравите да не ги следат музичките хитови и да не уживаат во нив? Земјоделецот Дерек Клиненберг на тромбон ја свири „Royals“ од Лорди, а кравите почнуваат полека, полека да доаѓаат и да уживаат во серенадата, додека сосема не се доближат и почнат да придонесуваат за забавата, мавтајќи со опашите и пеејќи со нивното познато „мууууу“.