Овие танчари ќе ви раскажат приказна со нивните тела

Сем Смит ја признал вистината за неговата популарна балада „Stay With Me“. Таа не е љубовна песна која била посветена на одредена личност, туку е песна за осаменоста која ја пронашол во себе по завршувањето на сексот за една ноќ маскиран во страст. Следното утро по ваков настан, таа личност треба да си оди, но вие не сакате, дури ни доколку воопшто не ви се допаѓа.

Но, Емилио Досал и неговата партнерка Келси Ландерс имаат малку поинаква интерпретација на песната. Нивната танцова кореографија ни ја раскажува љубовта и сите оние тешки одлуки кои се донесуваат кога сте заљубени и кои можат целосно да го променат вашиот живот. Накратко, тие со своето тело ни ја раскажуваат приказната за двајца најдобри пријатели од кои едниот сака врската да премине во нешто повеќе.