Најневеројатните трикови со куглање

Тимот Dude Perfect, кои се познати по својот Јутјуб канал на кој објавуваат видеа кои се спој на спортот и забавата, направиле ново видео во кое им гостува најдобриот куглар во светот – Џејсон Белмонте. Ќе се изненадите што сѐ може да се направи со кугла и кегли. Секако без талентот, многу од овие трикови би можеле да бидат и фатални.