На пат кон болница, оваа жена се породила во автомобилот и целиот настан е снимен на камера

По 45-минутно возење со автомобил, бебето на оваа жена решило дека е време да ги преземе нештата во свои раце и да дојде на овој свет во автомобилот, на автопат. Таткото, шоферот во видеото, успеал да ја сними оваа неверојатна ситуација со неговата GoPro камера, додека ја одржувал својата сопруга смирена кога нештата почнаа да бегаат од контрола. За среќа, целиот настан заврши среќно и овој пар си доби прекрасно и здраво бебе од 4,5 килограми.