Морничава маска за ноќта на вештерките која си поигрува со вашите очи

Кога станува збор за маскенбал, луѓето во себе наоѓаат креативност која не ни знаеле дека ја поседуваат. Особено за ноќта на вештерките, каде главната цел се морничави и застрашувачки маски создадени со цел да ги исплашат сите оние кои ќе налетаат на нив. Токму тоа и била целта на оваа девојка која ја смислила можеби најсовршено морничавата маска досега. Всушност, крајниот резултат е толку збунувачки што големи се шансите дека вашите очи нема да знаат кон што да се насочат, предизвикувајќи ви главоболка. Неверојатно!