Моќен експеримент од „Dove“ им покажува на сите жени како да одберат да се чувствуваат убаво

Според една студија спроведена од „Dove“, најголемиот дел од жените (96%) изјавиле дека не би го одбрале зборот убава за да се опишат себеси, иако 80% од нив велеле дека постои нешто убаво кај нив. Ова видео е дел од кампањата #ChooseBeautiful од „Dove“ чија цел била да ги поттикне жените да размислат за изборот кој го прават за нивната убавина и како тој влијае тие да се чувствуваат. За време на експериментот биле поставени две врати кои водат кон ист објект. Над едната врата пишувало убава, а над другата просечна.

„Жените прават илјадници избори секојдневно – избори поврзани со нивните кариери, семејства и да не заборавиме, за самите себе. Токму затоа тие треба да го направат и изборот да се чувствуваат убаво, секојдневно“, велат од компанијата.

Што мислите, на прв поглед, која врата би ја избрале вие?