Мислел дека ќе му се налути на кучето за нередот, но неговата реакција била сосема спротивна

Кога корисникот на Јутјуб, Вива Фреј, се вратил дома од работа и ја нашол кујната во хаос, веднаш знаел дека неговиот мал мопс е виновен. Но, каде е ова мало кутре? Тој барал секаде низ домот, но никаде не можел да го најде. Повторно се вратил во кујната и проверил на единственото место каде што тој мислел дека никогаш нема да биде – во кантата за отпадоци. Едноставно не можете да не се запрашате како ова агилно кутре успеало да влезе таму. Токму затоа и тој не можел да му се лути…