Малиот јазовичар Арво намислил да го земе и неговото плишено мече во транспортниот кафез

Кога ќе го видите мечето во однос на кафезот, ќе си речете: „Нема шанси да му успее, но сепак неговата упорност е навистина слатка“. Дајте му малку време и верба и погледнете што може да направи. Нема збор дека Арво е мало упорно кутре, само што откако неговата мисија конечно е успешно завршена, изгледа нема место за него во кафезот. 🙂