Кутре носи украдени очила и се однесува како професор

Не е јасно како овој пар професорски очила се нашле на неговиот нос, но како и да било, мора да признаеме дека одлично му прилегаат. Неговиот поглед над очилата е токму како на некој професор кој погледнува од катедрата пред да нè прозове за испрашување. Колку и да е сладок, има и нешто авторитетно во неговото држење, па дури малку нè подисплаши дека во секој момент ќе нè извади на табла. 🙂