Јапонски политичар се убива од плачење откако го фатиле дека крадел државни пари

Оваа снимка не е нешто што може да се види секој ден. Ријутаро Нономура е јапонски политичар, кој лани потрошил 29.000 долари од државната каса за 105 приватни патувања кои ги реализирал во текот на изминатата година. За време на тричасовната прес-конференција, тој целосно ја изгубил контролата врз себе и почнал да урла, да плаче и хистерично да мава со тупаници по масата. Сите му се смеат, иако некои и го жалат. Како и да е, човеков си се прошетал по луксузни одморалишта, но ете сега очигледно му е многу жал. 🙂

Погледнете ги креативните фотомонтажи кои ги направиле корисниците на Твитер инспирирани од настанот: [1], [2], [3].