Фитнес инструкторка во емоционално видео ги поправа несовршеностите на своето тело

Кејси Хо е дел од фитнес брендот „Blogilates“. Нејзините видеа за брзи вежби најчесто се позитивни, но таа овој пат ги изненадила своите фанови со ново видео посветено на проблематичниот свет во кој сликата за телото се извитоперува под влијание на интернетот.

Стоејќи пред огледало, таа ги чита негативните коментари од социјалните медиуми кои ги критикуваат „несовршеностите“ на нејзиното тело, па токму затоа решава дигитално да си дизајнира совршена форма. Но, како што започнува да се појавува илузијата на „совршената“ форма, така и таа почнува да изгледа сè понесреќна со тоа што го гледа пред неа.

Со надеж дека ќе го прекине негативниот дијалог и ќе започне со искрен разговор за бескрајната потрага по перфекција, Хо бара од нејзините фанови да ѝ одговорат дали драстичната промена на нивното тело навистина ќе им ја донесе потребната среќа…