Епско видео: Мачка кива, брат ѝ скока 1 метар во воздух

Сопственичката на овие мачки фатила неверојатна сцена во нејзиниот дом. Додека едното маче лежи на кревет, наеднаш му доаѓа да кивне, а другото вознемирено од прегласниот звук скока нагоре од подот и изненадувачки се појавува во кадар. Да бидеме искрени, и кивачот е изненаден од самиот себе, па веројатно реакцијата на брат му не е баш претерана. 🙂