Емотивно видео кое ни покажува колку е важен сечиј живот

„Го спасив ова кутре и му го дадов името Пегаз. Поголемиот дел од нејзините браќа и сестри умреле на породување или останале деформирани. Таа е родена со сериозен проблем – има недостаток на пигмент…“

Поголемиот дел од кучињата родени со недостаток на пигмент се слепи и/или глуви, па токму затоа на сопственикот на ова кутре му кажале дека таа може да го изгуби слухот и видот, како и дека не се очекува да живее долго.

Но, тој не сакал да се фокусира на негативните нешта, па токму затоа решил да ги документира добрите денови и нејзиното добро здравје, така што ќе го слави секој ден поминат со неа. Тој почнал да ја снима секојдневно, не знаејќи колку долго тоа ќе трае. Времето поминувало, а таа од 4-неделно кутре пораснала во 7-месечно куче. И покрај тоа што постојано има здравствени проблеми, таа е многу среќа и бескрајно го сака својот сопственик.

Ова видео ќе ве потсети дека секој живот е важен и дека без разлика во каква здравствена состојба се наоѓаме, секој нов ден треба да се цени и слави.