Дали ги ограничуваме девојките? - Погледнете што овие девојчиња имаат да кажат!

Навидум можеби изгледа дека постои еднаквост помеѓу половите, но стереотипите и претпоставките покажуваат поинаква слика. На девојчињата постојано им се кажува дека не се силни како момчињата, па дури и кога ќе навлезат во светот на возрасните постојано им се нагласува дека се премногу емоционални (иако и момчињата можат да бидат такви).

Компанијата „Always“ решила да ги елиминира половите стереотипи. Тие спровеле анкета (која прераснала во видео) во која 72% од девојките кои биле анкетирани одговориле дека се чувствуваат како општеството да ги ограничува. Во видеото прашуваат: „Дали ги ограничуваме девојките?“ Нивните одговори ќе ви го скршат срцето.