Шеа Гловер, 18-годишна средношколка, решила да спроведе социјален експеримент во нејзиното училиште. Нејзината цел била да ги сними искрените и сирови реакции на луѓето кога ќе им се каже дека се убави. Таа за своето видео објаснува:
„Спроведов независен проект, кој едноставно на половина пат се претвори во социјален експеримент за убавината во моето училиште. Сакам да нагласам дека моите намери не беа да добијам реакции од луѓето. Јас само ја снимав убавината и ова е резултатот. Еве го.“
Проектот на Шеа се претворил во неверојатно кратко видео кое допре до срцата на многумина ширум светот. Додека гледате како лицата на учениците почнуваат да сјаат, додека неколку се во целосно неверување, многу е тешко да не посакате да им пристапите и да им кажете колку навистина се прекрасни. Погледнете…
Неколку совети од стоицизмот за пребродување на тешките времиња
Тест на личноста кој ќе ви помогне да откриете нешто повеќе за себе
Финансиски хороскоп за октомври 2023 година!
Мудри цитати од кралот Соломон кои можат да ви помогнат во тешките мигови
Кои прашања можат да ја опуштат атмосферата за време на првиот љубовен состанок? 