Секоја година, на неколку денови, светот целосно полудува за новите производи од „Apple“. Сакајќи да бидат првите кои ќе ги купат, луѓето кампуваат пред продавниците неколку денови претходно со цел да бидат на почетокот од редот.
Оваа година една организација решила да го искористи ова лудило за добра цел. Нивната идеја била генијална. Додека луѓето чекале за својот нов уред, неколку неочекувани посетители почнале да зборуваат со нив, објаснувајќи колку долго тие чекале за нешто сосема друго:
„И јас чекам… веќе 1 година и 8 месеци за да добијам нови бели дробови од донатор на органи. Знам какво е чувството да се чека“, рекла една девојка. „Ако те заменам во редот, дали ќе потпишеш да станеш донатор на органи?“
Нивната цел била да покажат дека некои луѓе чекаат за технологија, додека други чекаат за својот живот. А вие, што чекате?
Неколку совети од стоицизмот за пребродување на тешките времиња
Тест на личноста кој ќе ви помогне да откриете нешто повеќе за себе
Финансиски хороскоп за октомври 2023 година!
Мудри цитати од кралот Соломон кои можат да ви помогнат во тешките мигови
Кои прашања можат да ја опуштат атмосферата за време на првиот љубовен состанок? 