Уживај на кафе и добиј фотоапарат Nikon S2500! | Кафе пауза


Уживај на кафе и добиј фотоапарат Nikon S2500!Стартува НАГРАДНАТА ИГРА на Кафе пауза за Nikon S2500. Почнува денес, а ќе трае до 3 август. За да учествувате треба да поставите фотографија на нашиот ѕид на Фејсбук, а за да победите треба да освоите најмногу гласови од вашите пријатели, пријателите на вашите пријатели, нивните роднини итн…

Фотографијата треба да прикажува уживање и релаксација на кафе, со кафе, во кафе-бар, со кафемат, на кафе пауза со пријателите или колегите, со шолја за кафе, во кафени алишта… и сè друго што асоцира на кафе.
.

Задолжителни карактеристики на вашите фотографии се: опуштеност, забава, уживање, задоволство и релаксација.

Правила на игра:

  • Фотографиите мора да бидат лични и да не се претходно објавени на интернет.
  • За да можат да гласаат за вашата фотографија, вашите пријатели прво треба да станат фанови на нашата Фејсбук-страница, доколку претходно не го сториле тоа.
  • Фотографиите треба да бидат со пристоен квалитет, а прикажување на експлицитни, навредливи и вулгарни елементи не е дозволено.
  • Право на учество имаат сите, освен членовите на тимот на Кафе пауза и нивните потесни семејства.
  • Секој учесник може да учествува со повеќе од една фотографија, но гласовите притоа не се собираат.
  • Добитник на фотоапаратот ќе биде оној чија фотографија ќе собере најмногу лајкови.
  • Борбата за што повеќе лајкови е неопходна и оправдана, но тоа не подразбира пазарење на фан-страницата на Кафе пауза. Сепак, секое барање за лајк упатено надвор од оваа страница е задолжително, зашто така имате многу поголеми шанси да избиете на првото место.
  • Коментирање на фотографиите е дозволено.
  • Секој што ќе објави фотографија која не е во согласност со правилата, ќе биде дисквалификуван, а фотографијата отстранета.

Доста беше… Сега штракајте и уживајте додека се натпреварувате за супер награда! ———————————————————————————————————————————————————————- Карактеристики на Nikon S2500:

  • резолуција од 12 мегапиксели
  • 4x оптички зум
  • ултратенок
  • 2,7 инчен LCD екран
  • литиум-јонска батерија (220 фотографии со едно полнење)
  • широкоаголна леќа од 27 мм
  • видеоснимање
  • УСБ-полнење преку компјутер
  • + мемориска картичка од 2 гигабајти
  • + торбичка и врвка