Со чаша млеко до совршена фигураЛетото е период кога сакаме да се одмориме и опуштиме, да уживаме на нашиот заслужен одмор. Но тоа е и период кога почесто сме качени на нашата вага, мерејќи ја тежината или пак пред огледало! Треба да ослабам, е најчестата констатација.

Придржувајќи се до одредени диети, луѓето обично прават две големи грешки кои можат да резултираат со дополнително зголемување на телесната тежина – прескокнување на појадокот и изоставување на млечни производи од секојдневната исхрана.

Малкумина знаат дека секојдневниот доручек кој вклучува и чаша млеко, може да помогне за да се дојде до посакуваната телесна тежина.

Млекото содржи значителни количини калциум, витамин Д, фосфор и други урамнотежени хранливи материи, и не само што го поттикнува здравиот раст на коските и забите и ја одржува функцијата на мускулите и крвните садови, туку и содржи состојки (калциум, железо, фолна киселина – витамин Б9 и влакна) кои се неопходни за одржување на витка линија.

Само квалитетното млеко е добро млеко, велат од фабриката Здравје Радово откривајќи ни дека млекото го добиваат од најголемите и најдобрите македонски фарми, кои секојдневно преку комплетниот ладен систем, го носат во откупните центри на Здравје Радово.
Млекото не содржи заситени масти, па поради тоа и нема потреба од грижа за вишок на килограми. Напротив, докажано е дека луѓето кои редовно пијат млеко имаат повитка фигура од оние кои не пијат.

Внимавајте на вашето здравје и фигура и започнете го денот со чаша пастеризирано млеко  од Здравје Радово.