Викенд-забава за деца на скопското лизгалиште | Кафе пауза

Овој викенд, децата ќе можат да се забавуваат на скопското лизгалиште ЦД Клуб Маки (под Кале), учествувајќи во интересни спортско-рекреативни игри и анимации на мраз. Друштво ќе им прави пингвинот ПингВи, а Виталиа ќе им подарува здрава храна во вид на слатки задоволства. Овој настан ќе се случува на 14-ти и 15-ти јануари, од 12:00 до 16:30 часот.Викенд-забава за деца на скопското лизгалиштеТимот на Кафе пауза ќе додели 20 влезници за деца за првиот ден од викендот. Ако сте наши верни читатели, пишете коментар преку Фејсбук или преку самата форма за коментирање на сајтот, притоа оставајќи го своето име и презиме. Секако, може да се учествува и преку Твитер, а доволно ќе биде само да ја раширите оваа информација до вашите следачи од копчето Tweet (впишете го и името на потенцијалниот добитник доколку вашето име не може да се види на вашиот профил).

Важна напомена: гратис-влезниците важат само за првиот ден од викендот во периодот од 12 до 16 часот. Во ова не влегува гратис изнајмување лизгалки.

Наградната игра ќе биде отворена до 20 часот. Добитниците ќе бидат веднаш потоа објавени и ќе можат да ја искористат својата награда со лична идентификација директно на настанот.

На мразот ќе има тим од аниматори кои заедно со ПингВи, ќе ги пречекуваат и забавуваат децата преку игри и едукативни катчиња. Активности ќе има и надвор од мразот, во „Светот на Пингви“ каде децата ќе може да се сликаат со своето омилено пингвинче и да вкусат од новите детски житни плочки на Виталија. Настанот ќе има и едукативен карактер, па родителите и децата ќе можат да научат нешто повеќе за здравата исхрана, но и да станат добитници на ПингВи пакетчиња.

Бидете викендов и вие дел од светот на ПингВи, светот на здравите слатки задоволства.