позадина | Кафе пауза - Part 5

Кафе-позадина за вашиот десктоп #41

Сака некој точено чоколадно кафе? Ставете филџан и чекајте ред. :)
Датум: 25 јул 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #40

Бојата на кафето има некаков смирувачки ефект. Успокојува, одмора и релаксира. Оваа позадина ќе изгледа одлично на вашиот десктоп. Таа е совршен потсетник за уживање во кафе паузите.
Датум: 18 јул 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #39

Оваа летна десктоп позадина ќе ви делува освежувачки на денот кој е пред вас со самото вклучување на компјутерот и ќе ви претставува надополнување на уживањето додека го пиете првото утринско кафе.
Датум: 11 јул 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #38

Кафето најдобро оди во друштво. Со љубениот, со пријателите, со колегите... Можеби најмногу сакате да го пиете сами, но одвреме-навреме не заборавајте да поканите некого на кафе. Позабавно е така!
Датум: 04 јул 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #37

Кафе... уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво.
Датум: 27 јун 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #36

Традиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно да не заборавате да уживате.
Датум: 20 јун 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #35

За многумина, кога ќе започне денот со кафе, некако наеднаш сè е во ред. Сè може да се случи во текот на еден ден. Обидете се да не мислите на ништо додека ги шмркате првите голтки од утринското кафе. Ова време е само за вас.
Датум: 13 јун 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #34

Кафе, уметнички прошарано во пената, бисквит и понеделничкото утро може да започне. Делува релаксирачки, нели? Со оваа слика на вашиот десктоп, често ќе се потсетувате да се опуштите и да уживате...
Датум: 06 јун 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #33

Срцата ги исцртуваме во песокот за време на летните заљубувања, во средношколските тетратки додека мечтаеме за време на здодевните предавања, на роденденските честитки кои му ги упатуваме на нашиот сакан/а.
Датум: 30 мај 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #32

Кога се будите со желба за онаа магична миризба, кога со замижани очи уживате во првата голтка и уживањето трае сè до последната... Очигледно, вие сте вистински љубители на кафето.
Датум: 23 мај 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #31

Што ќе се случи ако кафето рипне од шолјата и вие успеете да го замрзнете тој момент? Се случува неверојатна уметност. А кога ќе додадете и млеко, тоа е веќе совршена комбинација...
Датум: 16 мај 2011
, Автор:

Кафе-позадина за вашиот десктоп #30

Тазе подготвено кафе, сипано во вашата омилена голема шолја, која не сакате да ја користите со тацна... лаптопот пред вас и сурфате... работно или тотално релаксирачки, ова е вашата омилена поза. Еве една шик десктоп-позадина...
Датум: 09 мај 2011
, Автор: