Учителка им поставила едноставно прашање на нејзините третоодделенци. Нивните одговори ќе ви го скршат срцето.

Кајл Шварц, учителка на деца од трето одделение во Денвер, Колорадо успеала да навлезе во тајниот живот на нејзините ученици поставувајќи им само едно едноставно прашање. Таа им предава на деца од семејства со низок приход. 92% од учениците во основното училиште Даул зависат од субвенционираната програма за ужинка, само еден од знаците на страдањето со кое се тие соочени. Но, Шварц открила дека парите за ручек се најмалата грижа на овие деца. Тие страдаат од недостаток на родител во домот, насилство и стрес.

Учителка им поставила едноставно прашање на нејзините третоодделенци. Нивните одговори ќе ви го скршат срцето.

Шварц сакала подобро да ги разбере своите ученици, па им рекла да одговорат на прашањето „Што би сакале вашиот учител да знае?“ и да ги предадат своите одговори анонимно. Она што го напишале ќе ве изненади, а можеби и ќе ве расплаче.

Многу од проблемите кои дечињата се охрабриле да ги споделат, не ги кажале никому никогаш порано. Дел од нив се мали и смешни, други се сериозни и тешки. Од изгубени пенкала до „изгубени“ родители, од роденден на кој сите во училиштето заборавиле до болна мајка во болница…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар