Кафе-позадина за вашиот десктоп #45
Сварено кафе ве чека на работната маса во кујната. Барем си замислувате додека сè уште се обидувате да ги одлепите очите. Миризбата ве буди и ви предизвикува пријатно чувство…
Read MoreЧитај на раат!
Сварено кафе ве чека на работната маса во кујната. Барем си замислувате додека сè уште се обидувате да ги одлепите очите. Миризбата ве буди и ви предизвикува пријатно чувство…
Read MoreРаботните недели обично почнуваат напорно. Сепак, понеделничкото кафе е посебно моќно, ве подготвува за долги часови, работни обврски, нови луѓе, дружење со старите… Кафето е подготвено. Вие сте на потег!
Read MoreСтанувате од спиење, а кафето веќе ве чека сварено на работната маса во кујната. Очните капаци полека се борат да го избистрат погледот, миризбата благо допира до вашиот нос.
Read MoreКафе на плажа, покрај базен или во дворче… Тазе сварено, миризбата се шири наоколу… Згодни девојки, стегнати момци… Убава глетка и неодолив мирис и вкус. Доживувањето во лето е бесценето. Вкусете го додека трае.
Read MoreСака некој точено чоколадно кафе? Ставете филџан и чекајте ред. 🙂
Read MoreБојата на кафето има некаков смирувачки ефект. Успокојува, одмора и релаксира. Оваа позадина ќе изгледа одлично на вашиот десктоп. Таа е совршен потсетник за уживање во кафе паузите.
Read MoreОваа летна десктоп позадина ќе ви делува освежувачки на денот кој е пред вас со самото вклучување на компјутерот и ќе ви претставува надополнување на уживањето додека го пиете првото утринско кафе.
Read MoreКафето најдобро оди во друштво. Со љубениот, со пријателите, со колегите… Можеби најмногу сакате да го пиете сами, но одвреме-навреме не заборавајте да поканите некого на кафе. Позабавно е така!
Read MoreКафе… уживање во мала шолја. Горчлив вкус со моќно дејство, понекогаш разблажен со млеко или шеќер. Нè буди, ни дава енергија и ни претставува занимација, сами или во друштво.
Read MoreТрадиционално македонско кафе или инстант? Шербет благо, горко или малку засладено со неколку шеќерни кристали посеани од врвот на лажичката? Како и да го сакате утринското кафе, најважно да не заборавате да уживате.
Read MoreЗа многумина, кога ќе започне денот со кафе, некако наеднаш сè е во ред. Сè може да се случи во текот на еден ден. Обидете се да не мислите на ништо додека ги шмркате првите голтки од утринското кафе. Ова време е само за вас.
Read MoreКафе, уметнички прошарано во пената, бисквит и понеделничкото утро може да започне. Делува релаксирачки, нели? Со оваа слика на вашиот десктоп, често ќе се потсетувате да се опуштите и да уживате…
Read More