Вежби за стегнати и секси нозе

Вежби за стегнати и секси нозе

Многумина погрешно мислат дека за тенки и затегнати нозе мораат да прават илјадници клекнувања (сквотови). Иако овој тип вежби се одлични за мускулите, нема да ви помогнат да се ослободите од масните наслаги на сите делови од нозете, бутовите и задникот.Вежби за стегнати и секси нозеСледните 4 вида вежби правете ги барем двапати неделно. Правете ги во серија една зад друга, по 15 за секоја нога. Доколку сакате поголемо отпор можете да си купите и тегови за на зглоб.

1. Странично подигнување на нозете

Легнете на левата страна, главата потпрете ја на левата рака, а со десната придржувајте се на земјата. Нозете држете ги исправено, а стапалата истегнете ги така што прстите ќе ви бидат свртени накај главата. Без промена на кој било друг дел од телото, подигнете ја десната нога, задржете ја во воздух неколку секунди, а потоа спуштете ја. Важно е цело време мускулите да ви се стегнати. Оваа вежба делува на мускулите на внатрешната страна на бедрата и колковите.Вежби за стегнати и секси нозе

2. Школка

Лежејќи на левата страна, свиткајте ги колковите и колената под агол од 45 степени. Петите држете ги споени и почнете да ја подигате десната нога колку што можете повисоко. Најважно е да не ги одвојувате петите и мускулите да ви се постојано затегнати. Држете ја десната нога една секунда во воздух, па потоа вратете ја во првобитната положба. Оваа вежба делува на мускулите на задникот, колковите и задниот дел од бутовите.Вежби за стегнати и секси нозе

3. Мост

Легнете на грб, свиткајте ги носете во колената, а стапалата поставете ги рамно на подот во ширина на рамената. Почнете да се кревате, со тоа што колковите и стомакот ќе ги доведете во рамна положба. Задржете се некоја секунда, а потоа спуштете го задникот надолу. Важно е да не го спуштите задникот до земја. Оваа вежба делува на мускулите на торзото, задникот, задниот дел од бутовите, колковите и долниот дел на грбот.Вежби за стегнати и секси нозе

4. Косо трчање во место

Почнете во положба за правење склекови. Телото мора да биде рамно од главата до петиците, а сите мускули затегнати. Внимавајте да го држите грбот рамен и мускулите на стомакот стегнати. Десното колено подигнете го спрема левото рамо и потоа вратете го во почетната положба. Потоа направете го истото со другата нога. Оваа вежба делува на градите, задниот дел од бутовите, колковите, долниот дел на грбот, торзото, стомачните мускули, рамената и горниот дел од грбот.

Вежби за стегнати и секси нозе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар