Прекрасни изгрејсонца сликани од исто место во текот на цела година
Легендарниот фотограф Алфред Стиглиц тврдел дека на фотографот не му е потребно да патува за да направи добра фотографија. Инспириран од неговата забелешка, фотографот Роберт Вајнгартен ја направил оваа серија со која докажува дека природата може сама да обезбеди доволно разнолики кадри за многу разновидни фотографии.

5 јануари
Вајнгартен, кој живее во Санта Моника, секогаш кога бил дома сликал еден ист кадар, од исто место во исто време. Станувал во 6:30 часот наутро, се упатувал кон својата локација за фотографирање и ги овековечувал земјата, океанот и небото какви што биле тој ден. Тоа го правел од 1 јануари до 31 декември 2003. Неговите фотографии варираат од подзаспани тмурни изгрејсонца, па сè до спектакуларни будења на денот избоени со живи бои, докажувајќи го на дело она што го говорел неговиот идол Стиглиц.

27 јануари

25 март

6 април

13 април

14 август

29 август

22 октомври

30 октомври

24 ноември

5 декември

11 декември

13 декември

19 декември
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.