Како да имате секс кога е многу жешко?

Како да имате секс кога е многу жешко?

Кога е многу жешко и константно се лепиме од пот, обично не сакаме ни да се помрднеме, а не пак да се нафатиме на возбудлива физичка активност припиени до друго, подеднакво лепливо тело. Со клима овие проблеми се надминуваат, но ако се најдете во средина во која нема ладење, еве неколку идеи кои ќе ви ја вратат желбата за разгорување на страста.

(1) Како да имате секс кога е многу жешко?

Користете мраз. Да, сериозно

Најдобро би било да го испразните фрижидерот и да се пикнете двајцата во него за да имате секс. Но, бидејќи ова не е можно, следната најдобра работа е да земете мраз и да си играте со него за време на предиграта.

Лизгајте коцка мраз по стомакот, бутините, грбот и брадавиците на вашиот партнер или партнерка. Тоа делува ефикасно за изладување на целото тело. Плус, капките од растопениот мраз по вашето тело дополнително ќе го возбудат партнерот кој ќе се инспирира да ги лиже. Зар има нешто позабавно од лижење на нешто што се топи? Ова е малку леплива забава меѓу чаршафите, но е многу покул од температурата надвор.

Како да имате секс кога е многу жешко?

Бонус: Доколку со вашиот партнер или партнерка употребувате секс-играчки, добро е да знаете дека пред употреба можете да го изладите вибраторот во замрзнувач.

Секс под туш

Лепливите лета се најдобар изговор за секс под туш. Оваа опција е одлична бидејќи истовремено ве лади на жешкото време и ве одржува чисти по сексуалниот чин. Две муви со еден удар.

Како да имате секс кога е многу жешко?

Мудро изберете поза

Избегнувајте пози во кои торзата се допираат. Сигурно сами ќе се сетите како да изведете некоја, но чисто за инспирација можете да ја пробате оваа.

Како да имате секс кога е многу жешко?

Не плашете се да се потите

Реки пот од телото на вашиот партнер или партнерка се слеваат на вашето лице и тело… Не звучи баш возбудливо. Но, нема причина да го избегнувате ваквиот ефект. Потта испушта природни феромони кои делуваат како природен парфем кој го возбудува вашиот партнер. Тие имаат силен афродизијачки ефект, така што дишете и апсорбирајте од природниот афродизијак на вашиот партнер.

Секс во базен

Ова е добра опција само доколку не користите кондоми, што пак е ОК само доколку сте во долга моногамна врска.

Топлата вода и хемикалиите влијаат на издржливоста на кондомот, а дополнително во вода полесно е да се излизга. Затоа не сметајте на овој тип заштита.

Па, ако ги исполнувате погорните критериуми, ви останува само да најдете базен каде што ќе можете да го искусите ова влажно, но сензационално искуство. Во водата ќе изгледате подобро и ќе се чувствувате полесно заради што ќе бидете многу пофлексибилни. За инспирација во базен, погледнете ја сликата подолу.

 Како да имате секс кога е многу жешко?

Секс на отворено

Ова не е баш легална опција, но правилата се за да се прекршуваат. Па, сè додека сте дискретни и нема луѓе околу вас, пробајте го и ова искуство. Совет: полесно е доколку носите лесна облека, како пантолони без ремен за машките и фустани за женските. Бидете практични и завршете работа набрзина, а потоа, задолжително расчистете си зад себе.

Ако пак сте на одмор, ви ја препорачуваме „полуотворената“ варијанта – секс во шатор.

Како да имате секс кога е многу жешко?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар