Највозбудливите места за секс на отворено

Кога станува збор за сексот, нема ништо повозбудливо од пробување на нешто ново, а летниот период е совршено време да уживате во посебни моменти на страст и возбуда на отворено. Следниве неколку предлози според многу анкети се убедливо највозбудливи.

Највозбудливите места за секс на отворено

Секс во автомобил

Влезете во автомобилот со партнерот и упатете се на некое „недозволено место“. Препорачливо е да облечете облека која полесно се соблекува, бидејќи времето и просторот малку ќе ве ограничуваат. Пуштете го радиото, затворете ги прозорите и препуштете се на атмосферата. Покасно отворете ги прозорите за свежиот воздух, да ја олади вжештената атмосфера.

Секс на плажа

Ова лето, не шетајте по главната трговска улица на местото каде што сте сместени, туку впуштете се во авантура барајќи интимна плажа, за нова авантура. Понесете си некоја прекривка.

Највозбудливите места за секс на отворено

Секс во шатор

Доколку ова лето, кампувањето е на вашиот список со задолжителни активности, не заборавајте во патната торба да го спакувате и чувството на спонтаност. Додека се препуштате на страста опкружени со чиста природа, внимавајте да не ги разбудите останатите кампери или некое диво животно.

Секс на балкон

Ова е веќе поекстремно. За ова не треба да заминете никаде, но треба да бидете внимателни, бидејќи може да настане незгодна ситуација, доколку некој сосед ве забележи. Чекајте сите да заспијат, а чувството дека правите нешто забрането и дека некој може да ве види, ќе ја крене температурата до максимум.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар