Брз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?

Брз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?

Зарем не би било супер да можевме да согоруваме калории и да топиме масти со само 4-минутно вежбање на ден? Всушност, тоа е можно.

Брз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?

Наспроти верувањето, долготрајните кардио вежби не се најдобриот начин за топење на мастите. Ако навистина сакате да постигнете резултати, подобар начин е со кратки интензивни тренинзи, кои можат да траат и само 4 минути. Ова е одлична вест за сите кои немаат време за регуларни тренинзи заради густиот распоред на обврски. Па, издвојте само 4 минути од вашето време и дознајте ги придобивките од метаболичниот тренинг.

Што е метаболичен тренинг?

Метаболичниот тренинг се однесува на вежбање со висок интензитет во структурирани периоди и пократки периоди за одмор во наизменичен циклус. Овие тренинзи претставуваат мешавина од тренингот со дигање тежини и кардио тренингот во една интегрирана сесија. Резултатот е тренинг кој ќе ве одржува во суперфит форма, ќе ви го забрза метаболизмот и ќе му овозможува на вашето тело да согорува масти дури до 48 часа по вежбањето.

Резултати кои се постигнуваат со минути, не со часови

Постојат различни видови метаболични тренинзи, но најпознатиот е Табата-тренингот според името на јапонски доктор кој го измислил концептот. Овој тренинг се заснова на 20 секунди вежбање, по кои следуваат 10 секунди одмор, во 8 серии. Ова е еднакво на 4 минути.

Но, ова не е така лесно. Иако потребното време за вежбање е многу мало, треба да вежбате двојно посилно одошто би вложувале при регуларен тренинг во теретана. Ако завршите со избраниот сет вежби за одреденото време со леснотија, значи дека не сте вежбале правилно. Ако треба некако да се опише интензитетот на вежбање, би рекле дека последните две сесии треба да ви изгледа невозможно да ги завршите. Табата-тренингот се заснова на вежбање со максимален капацитет во кратки експлозивни сесии, што води до подобра фитнес форма и стимулирање на основниот метаболичен ритам, што пак го забрзува топењето на мастите.

Брз фитнес: Како да постигнете двојно подобри резултати за двојно помалку време?

Во едно контролирано научно истражување на д-р Табата биле вклучени две групи кои вежбале по 5 дена во неделата, вкупно 6 недели. Едната група вежбала по еден час со среден до висок интензитет на вежбање, додека другата група вежбала интензивен тренинг од само 4 минути на ден. Кај втората група било забележано значително зголемување на аеробниот и анаеробниот степен на фитнес што недостасувало кај групата што вежбала по еден час.

Значи, постојат докази дека со ваков тренинг можеме да си ја подобриме нашата фитнес-состојба, но што е со останатите придобивки?

Д-р Табата исто така го истражувал и продолженото дејство на овој вид тренинг и докажал дека со негово практикување се трошат дополнителни 150 калории во следните 12 часа по вежбањето, што значи дека се трошат калории дури и кога се одмарате.

Друга добра вест е подобрувањето на сензитивноста на инсулин што е значаен фактор за нашето целокупно здравје и добростостојба. Тоа може да биде причина за намалување на здравствените проблеми како дијабетесот, високиот холестерол и високиот крвен притисок.

Дали да се префрлите на метаболичен тренинг?

Во истражувањето на д-р Табата, оние учесници кои вежбале по 4 минути интензивен тренинг изјавиле дека повеќе имаат желба да продолжат да ја практикуваат оваа форма на вежбање. Ова, во комбинација со истакнатите придобивки, дава одлична основа за напуштање на традиционалниот начин на вежбање и почнување со нов метаболичен начин кој ќе ве направи фит и здрави.

Нема потреба да набавувате специјална опрема, но на пример следниот пак кога ќе појдете во теретана, изберете вежби што ќе ги направите во Табата-циклус. Набрзо ќе почнете да уживате во придобивките. Со гаранција!
 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар