Зошто е важно да го имате тој ЕДЕН пријател во животот?

Како човечки суштества, неизбежно е да ја прифатиме вистината дека луѓето ќе влегуваат и излегуваат надвор од нашите животи. Созревајќи како индивидуи се поврзуваме и дружиме со луѓе кои постојано се менуваат. Со кого ќе останеме во блиски односи зависи од заедничките интереси, времето што го поминуваме заедно, како и карактеристиките кои ги сметаме за вредни кај другите.

Зошто е важно да го имате тој ЕДЕН пријател во животот?

Во текот на овој процес, понекогаш мора да се случат и загуби. Можеби сте изгубиле пријател, па спомените со него сега ви се само топли сеќавања од едно далечно поглавје од вашето детство. Колку и да сакате да се вратите на тоа чувство кога со часови сте зборувале на различни теми, тоа едноставно не може да се случи. Дури и да имате можност одново да се најдете заедно, шансите дека ќе можете да продолжите таму каде што сте застанале се многу мали. Несреќната реалност е таква и никој не е виновен за тоа. Едноставно, тоа е животот.

Со доаѓањето и заминувањето на толку многу луѓе, почнуваме да ги доживуваме пријателите како нешто недоволно значајно во животот. Со тек на време стануваме ладни во врска со фактот дека еден ден можеби нема воопшто да зборуваме со нив. Всушност, често и го игнорираме овој факт. Одбираме да живееме со верувањето дека ако цврство одржуваме некое пријателство, тоа ќе продолжи да опстојува без разлика на сѐ. Но и покрај тоа, на 10-годишнината од вашето матурирање, се среќавате со вашиот најдобар пријател или пријателка од тинејџерските години и си кажувате што ви се случувало во животите во изминатите години. Тоа е реалноста. Скоро е безначајно да се одржуваат дури и вредните пријателства.

Но, во целиот овој процес, важно е да изградите долгорочна и цврста врска со барем ЕДЕН пријател во вашиот живот. Скоро секој ја има таа една личност со која редовно разговара барем неколку пати во месецот. Пријател со кој можете да седнете и да се присетувате на добрите времиња кои сте ги поминувале заедно. Ова ќе биде личноста која ќе присуствува на најзначајните денови во вашиот живот – на вашата свадба, раѓањето на вашите деца, нивните родендени… Ова пријателство е толку природно што не ви претставува тешкотија да го одржувате, а е една од најважните врски кои сте ги изградиле и ќе ги изградите во животот.

Оваа личност ќе ви помогне да останете приземјени. Таа ќе ве потсетува дека во свет полн со ладни и пресметливи луѓе, сѐ уште има добрина. Ќе ве потсети дека искрената меѓучовечка конекција е нешто што треба да се прославува, и дека дури и покрај тоа што сите животни пријателства не траат, сепак сите имале некоја значајна улога во она што сте постанале денес. Кога ќе созреете, оваа личност ќе ве потсети колку многу сте постигнале. Во зависност од ситуацијата, ќе може да ве врати во минатото за да ви покаже колкав пат сте поминале и зошто треба да бидете горди на себе.

Секој човек на планетава само се труди да го сфати светот. Кога ќе минувате низ тешки моменти на тага и солзи, тој ЕДЕН пријател може да биде најзначајната личност во вашиот живот којашто ќе ви помогне да ја пребродите, заборавите и надминете секоја тешкотија. Поради оваа личност се чувствувате како да не сте сами во маките. Заедничкото минување низ ваквите ситуации е охрабрувачки мотиватор кој не само што ќе ве поттикне да си помогнете себеси, туку и нив. Разговарајќи за нештата од вашето заедничко минато, двајцата пријатели можат меѓусебно да си честитаат за успесите кои другиот ги постигнал.

На крајот од сѐ, најважната работа која треба да ја разберете е дека пријателот кој одбрал да остане покрај вас е оној кој мора да се потрудите и да остане таму. Оваа личност гледала како сте се менувале. Ве видела во најдоброто, но и во најлошото издание. И покрај сѐ, останала покрај вас, па на крајот на краиштата, зарем не е тоа она што го сакате? Пријател, некој што ќе биде со вас во добро и во лошо.

Ви треба потсетување за тоа што треба да барате кај пријателите? Погледнете ги 5-те квалитети кои можеме да ги најдеме само во најдобрите пријатели.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар