3-те хороскопски знаци за кои оваа недела ќе биде незаборавна

3-те хороскопски знаци за кои оваа недела ќе биде незаборавна

Од романси и мотивација на работното место, до енергија и започнување нови нешта – оваа недела ќе биде навистина неверојатна и незаборавна за родените во следниве 3 хороскопски знаци. Ако и вие се најдете тука – со среќа! Искористете го овој период најдобро што можете и доближете се чекор поблизу до животот што сакате да го живеете.

Близнаци: Вие сте романтични во љубовта и мотивирани во работата

Сонцето е во вашата петта куќа на забавата и задоволството. Затоа и треба да го искористите овој неверојатен период, кога вашата моќ за заведување и флертување е на вашиот зенит. Ова дефинитивно ќе ве стави во расположение за забава. Но, тоа не е сè. Вие исто така ќе се чувствувате и многу артистички и експресивно. Па, зошто да не се качите на сцена? Или пак, да излезете на состанок?

Сепак, не сè ќе биде забава без работа оваа недела. Сега кога комуникативниот Меркур е во вашата шеста куќа на дневните рутини, вие ќе бидете инспирирани и да се вратите назад на работата.

Вага: Вие блескате со енергија, самодоверба и моќ

Среќно соларно враќање! Вие сте кралиците на светот и сè се врти околу вас. Со Сонцето, Венера и Марс во вашата прва куќа на селфот, вашата самодоверба е повисока од кога било порано. Сфатете се сериозно и не се ни осмелувајте да си ги намалите моќите. Вие заслужувате сè, па почнете да се однесувате така. Бидете горди на личноста што сте и барајте го тоа што го сакате.

И кој знае? Сега кога Меркур е во вашата седма куќа на партнерствата, вие можеби конечно ќе запознаете некој што целосно ве разбира.

Водолија: Вие ја ширите вашата визија и чувствувате нови нешта

Светот е ваш, бидејќи Сонцето е во вашата деветта куќа на авантурата и експанзијата. Ако мислевте дека сè било здодевно и монотоно претходно, време е да ги зграбите сите нови можности што ќе ви бидат претставени. За вас се гради нов пат, па немојте да се плашите да направите нешто што не сте направиле досега. Вие правите интересни спомени, запознавате фасцинантни луѓе и сето ова ви ги отвора очите.

Подгответе се себеси за нешто големо, бидејќи Меркур само што влезе во вашата десетта куќа на социјалниот статус. Кога зборувате, луѓето навистина ќе ве слушаат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар