Среќните луѓе имаат посебен мирис? Еве зошто тие ги привлекуваат останатите…

Некои луѓе имаат способност да го подобрат расположението на другите, делејќи ја својата хармонија, надеж и позитивност. Тие ни покажуваат дека можеме да направиме сè, а за тоа е доволно само да се насмееме и да му намигнеме на животот.

Добрите луѓе мирисаат на интимност, прегратки и љубов. Тие зрачат со топлина, па затоа и со нив се трудиме да бидеме што поотворени можеме. Многу е удобно да се биде покрај нив, се чувствуваме како да сме дома.

Тие секојдневно нè мотивираат, нè насочуваат на добриот пат и имаат добри намери. Не е воопшто изненадување дека сите сакаат да им бидат пријатели. Непрестајно наоѓаме изговор да ги прегрнеме, да ја видиме нивната насмевка…

Некои луѓе можат да влијаат на нашето расположение со само едно весело „Добро утро“, проследено со насмевка. Научно е докажано дека кога искрено зборуваме со некоја личност, ние стануваме толку подложни на нивната емотивна состојба, што почнуваме да ја имитираме.

На пример, ако личноста се насмевне и ние автоматски ќе го направиме истото. И не станува збор само за имитација, туку ние го преземаме и расположението на оваа личност, како и сите нејзини емоции.

Психолозите сметаат дека во нас потсвесно се будат емоциите, што доаѓа до таканаречената емоционална синхронизација. Тоа значи дека симпатизираме со луѓето со висок степен на емоционална интелигенција, а тие ја подобруваат нашата благосостојба.

Ние сакаме среќни луѓе со добри намери бидејќи нè напаѓаат со доброто расположение, нè мотивираат и нè прават среќни, овозможувајќи ни чувство на самоувереност дека можеме да го смениме целиот свет.

Дознајте и кои се 5-те мали секојдневни докази за среќа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Остави коментар