5 квалитети кои можеме да ги најдеме само во најдобрите пријатели

5 квалитети кои можеме да ги најдеме само во најдобрите пријатели

Вистинските пријатели се оние кои треба да се чуваат како богатство. Би можеле долго да зборуваме за сите придобивки кои можеме да ги почувствуваме од блиското пријателство, но денес ќе се задржиме на карактеристиките според кои можете да ги препознаете оние пријателки што ќе останат со вас цел живот!

1. Сигурност

Чувството дека можете да се потпрете на некого во секој момент е едноставно незаменливо. Довербата се забележува и во малите нешта што тие ги прават за вас, како едноставното почитување на договореното. Експертите сметаат дека овие квалитети го водат пријателството на сосема ново ниво.

2. Искреност

Овој квалитет подразбира отворено и објективно изразување на своите ставови и мислења во комуникацијата со пријателите, без оглед на тоа колку е сериозна темата за која разговараме. Искреноста особено се цени кога се во прашање големите и важни животни одлуки.

3. Лојалност

Без лојалноста тешко може да се воспостави однос со доверба. Тоа е една од причините зошто овој квалитет е многу важен за сите врски во нашиот живот, особено за пријателските и за љубовните.

4. Емпатија

Способноста искрено да се сочувствува со патењето на другите луѓе е една од најголемите човечки квалитети. Таа ни овозможува да ги препознаеме ситуациите низ кои минуваат нашите пријатели и соодветно да реагираме за да им помогнеме да си ги решат проблемите.

5. Доверба

Овој квалитет може да ви помогне при остварувањето на кој било интерперсонален однос. Од друга страна, нејзиниот недостаток ќе го сруши пријателството и целосно ќе го промени односот меѓу вас. Чувството на доверба се создава со време и кога ќе зацврсти, постанува камен темелник за остварување на долготрајно пријателство.

Прочитајте и зошто патувањето со пријателите е добро за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар