4-те знаци во Зодијакот кои најмногу мастурбираат

4-те знаци во Зодијакот кои најмногу мастурбираат

Да не се разбереме погрешно – нема ништо лошо во мастурбирањето. Кога се работи за самозадоволувањето, секогаш кога вашето тело ви кажува дека тоа ви е потребно, во ред е да му се препуштите на уживањето со самите себеси. Сепак, треба да имате граници и да ги почитувате останатите кои живеат со вас – никому не му е згодно несакајќи да упадне во таква интимна сцена. Овие 4 знаци се во хармонија со своите тела и она што им е потребно, па обожаваат да си го ставаат сопственото задоволство на прво место и да мастурбираат кога ќе им се присака.

4-те знаци во Зодијакот кои најмногу мастурбираат

Бик

Кога се работи за луксузот и грижата за себеси, Биковите најдобро знаат да си угодуваат. Бидејќи обожаваат да си поминуваат убаво, не им е проблем да се препуштат и на соло уживање. Тие сакаат да го прават ова на неколку начини и да испробуваат различни варијанти во зависност од расположението. На овој знак му се важни ритуалите поради кои се чувствува подобро, без разлика дали се работи за бања во када наполнета со миризливи соли или облекување на специјално парче долна облека која ќе направи да се чувствува суперсекси.

Близнаци

Близнаците се познати по својата дволичност, но тие всушност се само добро прилагодливи на секоја ситуација. Како резултат на ова, тие немаат проблем да си ги слушаат своите потреби. Ако нешто им предизвика желба за мастурбирање, тие веднаш преминуваат на акција. Нив може да ги возбуди сенешто, од гледање жешки секс сцени до случајно забележување на нивната омилена секс играчка која ѕирка од фиоката.

Овен

Овните се многу независни и знаат како да ги завршуваат работите. Тие се издвојуваат во средината како оние кои најмногу постигнале да направат нешто. Ова е знак кој ништо не може да го спречи да го добие тоа што го сака. Истово се однесува и на сексуалните желби. Тие се многу горди бидејќи знаат што функционира за нивното тело, а што не, и како резултат на тоа можат да го направат сексуалниот живот со нивниот партнер многу возбудлив.

Вага

Целта на Вагата во животот ѝ е да се чувствува добро, па оттука неспорно е дека сака и да мастурбира. Овој знак секогаш размислува за нови секс играчки кои би сакал да ги додаде во својата колекција, но никогаш не заборава дека рацете му се всушност неговиот најважен сојузник во самозадоволувањето. Вагите знаат точно како да се допираат за да постигнат различни видови оргазам.

Прочитајте и за 4-те хороскопски знаци кои уживаат во авантуристички секс.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар