Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

Јаглехидратите играат голема улога во правилното функционирање на организмот и задоволувањето на дневните енергетски потреби. Многу нутриционисти препорачуваат консумирање на густи јаглехидрати кои имаат најмалку 2 до 3 грама хранливи влакна на 100 калории. Во продолжение прочитајте кои 6 намирници содржат здрави јаглехидрати, со чија помош ќе можете да ја постигнете посакуваната тежина.

1. Јачмен

Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

125 милилитри варен јачмен = 97 калории, 22 грама јаглехидрати, 3 грама хранливи влакна

Шведските истражувачи го препорачуваат јачменот како продукт кој го задоволува гладот така што го покачува нивото на шеќерот во крвта многу побавно од некои колачи, кои пак нагло го покачуваат шеќерот, а потоа и нагло го намалуваат, притоа исцрпувајќи ја вашата енергија.

2. Грашок

Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

125 милилитри варен грашок = 67 калории, 12,5 грама јаглехидрати, 4,5 грама хранливи влакна

Грашокот обезбедува 12% од препорачаната дневна доза јаглехидрати и го неутрализира гладот на тој начин што го покачува нивото на лептин – хормонот кој му сигнализира на мозокот дека сте сити.

3. Тестенини од цело зрно

Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

60 грама суви тестенини = 198 калории, 43 грама јаглехидрати, 5 грама влакна

Британските студии покажуваат дека консумирањето цели зрна, околу 3 порции дневно, се поврзува со понизок индекс на телесна маса и помалку висцерални масти. Порциите и оброците со тестенини важно е да се држат од 100 до 200 калории (125 до 250 милилитри варени тестенини).

4. Пуканки

Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

750 грама пуканки = 93 калории, 19 јаглехидрати, 3,5 грама хранливи влакна

Според едно истражување, пуканките не само што обезбедуваат подолго чувство на ситост во однос на останатите грицки, како на пример чипсот, туку и го држат енергетското ниво под контрола во текот на целиот ден.

6. Овесна каша

Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

125 милилитри сува овесна каша = 153 калории, 27 грама јаглехидрати, 4 грама влакна

Скоро половина од хранливите влакна во овесната каша се растворливи – тие во организмот се растворуваат во една супстанца слична на гелот која го прави стомакот пополн и посит за подолг временски период. Додавањето на овие влакна во секојдневната исхрана ќе ви помогне во намалувањето на мастите.

7. Киноа

Здрави јаглехидрати кои ќе ви помогнат да ја постигнете посакуваната телесна тежина

125 грама варена киноа = 111 калории, 20 грама јаглехидрати, 2,5 грама влакна

Семето од киноа ги содржи сите девет есенцијални аминокиселини кои му помагаат на телото во оформувањето и зацврстувањето на мускулниот тонус.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар