Застарени зимски трендови: Овие парчиња облека веќе не се во мода

Се сеќавате на деновите кога девојките носеа фармерки со низок струк и кратки зимски јакни, без оглед на тоа што надвор беше многу ладно? Денес, овој стар тренд ретко може да се види, како и многу други што паднаа во заборав. Па, така, и некои од минатогодишните зимски трендови што ги обожававте, веќе паѓаат во заборав, пред сè, затоа што воопшто не се практични, не ве заштитуваат од студот и го нарушуваат изгледот бидејќи тешко се комбинираат.

1. „Теди“ капут

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helia Golbin Rad (@he1iya)

Капутот од вештачко крзно е моден хит веќе неколку сезони, но модните експерти велат дека е време овој тренд да им отстапи место на попрактичните парчиња. Проблемот е во тоа што овие капути не се толку топли како што изгледаат, освен ако не се премногу скапи и изработени од квалитетни материјали. Модните експерти советуваат да го замените „теди“ капутит со класичен волнен и добро скроен капут кој ви одговара на фигурата, а истовремено ве затоплува.

2. Тесни чизми над колена

Застарени зимски трендови: Овие парчиња облека веќе не се во мода

Чизмите што достигнуваат до или над колена и се тесни како хулахопки се популарни со години и им беа омилен зимски пар обувки на многу жени. Обично се носеа со здолништа, фустани и тесни фармерки. На нивно место сега доаѓаат поудобни модели на чизми.

Застарени зимски трендови: Овие парчиња облека веќе не се во мода

3. Облека без форма

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marina (@marikamariiii)

Иако предимензионалните парчиња се сè уште во тренд, не треба да ги носите оние парчиња што се толку широки што речиси и да немаат форма. Тие воопшто не изгледаат привлечно и оставаат впечаток на пижами. Изберете предимензионални џемпери кои не висат, туку само малку се шират и паѓаат елегантно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justyna Bugaj (@jubugaj)

4. Џемпер-фустан и чизми до колена

Застарени зимски трендови: Овие парчиња облека веќе не се во мода

Ова се однесува на кратките џемпери и дуксери комбинирани со високи чизми. Модните експерти велат дека е време да заборавите на голите бутови во текот на зимата – многу попривлечна е комбинацијата на високи чизми кои се вовлекуваат под фустан со должина до или под колената.

Застарени зимски трендови: Овие парчиња облека веќе не се во мода

5. Парка со раскошно крзно во боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KARIBU Since 1983 (@karibu_fur)

Парката со богато крзно на капата, а особено оние со крзно во светли бои, целосно паѓаат во заборав. Наместо тоа, изберете класична, еднобојна парка, која може да биде и без крзно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CEDRICO (@cedrico_official)

6. Кратки палта

Покрај кратките јакни, во тренд беа и кратките палта. Освен што овие парчиња ја немаат основна функција да ве загреваат, тие тешко се комбинираат, особено ако сте љубител на зимски фустани и здолништа. Во секој случај, многу е подобро да се избере долго палто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AMIRA ZAYED, MD (@amirazayedmd)

7. Тенки памучни капи

Застарени зимски трендови: Овие парчиња облека веќе не се во мода

Ниту можат да ве стоплат кога надвор е ладно, ниту им одговараат на сите. Од друга страна, волнената капа им одговара на сите и ќе ве стопли.

8. Премногу широки јакни

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DRIATI BRAND (@driati_brand)

Правилото „колку повеќе толку подобро“ веќе не важи кога станува збор за јакните. Конечно ќе се збогуваме со трендот на масивни јакни за кои не знаеме точно зошто станаа толку популарни. Заменете ги со практични модели со соодветна големина и убава боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Füsun Lindner (@fusunlindner)

Погледнете кои трендови за убавина ќе доминираат во 2021 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар