За да бидете безгрижни во 30-тите, сами направете ги овие 9 нешта во вашите 20-ти

Она што брзо ќе го научите во вашите 20-ти е дека постои голема разлика помеѓу тоа да правите нешто сами и да бидете осамени. Да правите нешто сами значи да поминувате квалитетно време со себе. Наоѓате простор за растење, учење и создавате сеќавања со личноста што ви е најдобар пријател – вие. Во текот на оваа деценија од вашиот живот ќе сфатите дека треба да направите неколку нешта сосема сами.

За да бидете безгрижни во 30-тите, сами направете ги овие 9 нешта во вашите 20-ти

Досега веројатно сте слушнале дека не треба да се споредувате со другите. Секој има свој пат и ужива во животот на свој начин. Некој можеби се венчал, а некој патува без воопшто да мисли на врска. Без разлика која е вашата верзија на 20-тите, тоа е сосема во ред.

Да можете сами да правите некои работи ќе ви покаже дека сами си го градите животот. Живеете во 20-тите додека полека се подготвувате за 30-тите. Подгответе се правејќи ги овие работи сами.

1. Јадење во ресторан или одење на кафе

Одењето сами во ресторан или кафетерија всушност е наградувачко. Сте седнале и сте уживале во храната со ваше темпо, истовремено гледајќи ги луѓето околу вас. Можеби и скришум ќе им го слушнете разговорот на некои. Во ваша одбрана, сигурно зборувале прегласно.

2. Закажување

Самите да закажете нешто значи дека сте ја совладале оваа деценија од вашиот живот. Понекогаш навистина е тешко да му се јавите на заболекарот за да закажете преглед. На почетокот не сте биле сигурни што да кажете, но штом сте закажале еднаш, сте почнале сами да правите многу работи. Сте почнале да се однесувате „возрасно“ дури и за наједноставните нешта, а ова ќе ви помогне да имате безгрижна иднина.

3. Останување дома во сабота навечер

Да останете дома за викенд и да поминете квалитетно време со себе понекогаш е тешко. Па, ако сте ја совладале оваа задача, заслужувате аплауз. Вистината е дека само што сте откриле како самите да се забавувате и кога да одбивате покани. Сте отвориле цела врата со можности. Одеднаш имате повеќе време да ги правите нештата што ви причинуваат вистинско задоволство.

4. Одење на свадба

20-тите се чуден период од животот бидејќи некои од луѓето што ги познавате почнуваат да стапуваат во брак и да имаат деца. Можеби сте едни од нив, а можеби уживате во сингл животот. Во овој период не постои правилно нешто кога станува збор за врските и љубовта. Помеѓу сите момински забави и свадби, барем еднаш сте отишле сами. На почетокот можеби ви било неудобно, но сте сфатиле дека не е толку лошо кога танцувате само со пријателите до утро.

5. Одење на фитнес

Вистинско искуство е самите да отидете на фитнес, јога, танцување и слично. Се обидувате да ги постигнете вашите лични цели станувајќи дел од некоја група. Овде наоѓате атмосфера која е фокусирана на вас и на вашата поврзаност со другите. Ако сте го направиле ова, знаете како да се вклопите во вашето опкружување и сте ја научиле уметноста на пробувањето нешто ново.

6. Создавање нови пријателства

Во 20-тите пријателите доаѓаат и си одат. Можеби ќе изгубите контакт со познајниците од средно, или ви се разделиле патиштата со пријателите од факултет. Ова е неизбежно, но вие знаете како да создадете нови пријателства. Можеби сте се запознале во некоја дискотека или на новото работно место. Сте научиле да се движите со текот, да им пријдете на луѓето со отворен ум и да започнете разговор.

7. Летање со авион

Самите да се качите во авион и да одите негде звучи навистина страшно. Иако можеби на крајната дестинација ве чека некој, сепак дотаму сте стигнале сами. Не е лесно да се снаоѓате низ станиците и аеродромите, но вие сте способни за тоа.

8. Одбирање облека за на состанок

Најверојатно постојано се консултирате со пријателките за облеката што ја носите на состанок. Работите заедно за да го добиете најдобриот изглед. Сите имаат мислење кое понекогаш е слушнато, а некогаш целосно игнорирано. Сред целиот овој хаос, сте научиле сами да ја одбирате облеката и да го носите она што го сакате. Никогаш не е лошо да добиете второ мислење, но понекогаш треба да имате и ваш стил.

9. Живеење без цимери

Кога сте во 20-тите, можно е да живеете на сите страни. Некогаш сте во студентски, некогаш во стан со цимери, а некогаш се враќате дома кај родителите. Конечно сте одлучиле дека сакате ваше место па или купувате, или изнајмувате. Кога живеете сами ќе научите многу нешта. Ќе почнете навреме да ги плаќате сметките, ќе научите да готвите и ќе имате време за себе.

Ќе влезете во вашите 30-ти без никаква грижа на совеста бидејќи знаете кои сте и знаете дека сте способни самите да направите многу нешта. Можеби сте поподготвени за 30-тите отколку што мислевте.

Погледнете и кои грешки е добро да ги направите во вашите 20-ти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар