10 грешки кои е добро да ги направите во вашите 20-ти

Ако некогаш треба да ги направите овие грешки, тогаш тоа треба да биде во вашите 20-ти. Секако, никој не сака да прави грешки, но тоа е неизбежно. Некогаш нештата што ќе ги научиме од сопствените грешки се најдобри лекции за животот.

Еве кои грешки ги правиме сите во нашите 20-ти, но и зошто тоа е во ред.

10 грешки кои е добро да ги направите во вашите 20-ти

1. Излегување со манипулативен партнер

Да, најверојатно ќе се гледате со тип кој нема да ве третира како што заслужувате, но затоа ќе знаете како во иднина никому да не му дозволите да ве третира лошо и да си игра со вас и вашите чувства.

2. Одмор со пријател(к)ите кој ќе излезе вистинска катастрофа

Бидејќи сега знаете кои ви се вистински пријатели а кои не.

3. Добивање отказ од работното место

Може бидејќи сте погрешиле нешто или бидејќи мислите дека заслужувате подобра работа. Во секој случај, сега ќе знаете да не ја правите истата грешка и да си ја побарате работата која навистина ви одговара. Ако некогаш треба да промените кариера, најдобро да биде во 20-тите.

4. Држење лоша диета

Чии последици се нарушување во исхраната. Но, подобро да поминете низ тоа и да знаете да си го цените сопственото тело такво какво што е, но и сопственото здравје.

5. Пиење многу при секое излегување

Зошто едноставно не можете да поминете со само една чаша вино? Ги знаете последиците, мамурно утро а можеби и лошо варење. Нека ни мине таа фаза во 20-тите.

6. Купување неквалитетна облека

Бидејќи е на попуст или бидејќи е „кул“. После тоа конечно ќе научите да го гледате квалитетот и да бидете попрактични.

7. Имитирање туѓ стил

Сите сме минале низ фаза во која не успеваме да се пронајдеме себеси па носиме она што се смета за модерно и тренди. Во 20-тите исто така ќе научиме кој е нашиот стил, кога сме свои и кога ни е најудобно.

8. Останување пријатели со токсични личности

Сите сме биле заглавени во лошо друштво. Но, после многу непријатности конечно ќе научиме како да им речеме „не“ еднаш засекогаш на токсичните пријатели.

9. Обидување да промениме некого

Во ред е неуспешно да пробувате да промените некого. Така на рани години ќе научите дека луѓето не се менуваат и нема да си трошите време во иднина.

10. Останување во лоша врска

Една од најголемите грешки што речиси секој 20-годишник ја прави е останување во лоша врска. Зошто? Затоа што веќе долго сте заедно или се плашите да го/ја повредите. Но, со тек на време сфаќате дека ќе мора да ставите крај за ваше добро. Вие заслужувате подобро, па заборавете што другите велат или мислат. Така многу повеќе ќе се цените и себеси а и новата врска кога ќе дојде време за тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар