Неверојатни мурали нацртани во негатив

Уметникот Сепк од Колумбија е познат по неговите графити, но неговата најнова техника е она што ги заинтересира сите. Уметникот барал начин одново да се изгради и решил да експериментира со цртање во „негатив“. Крајниот резултат се дела што можат да се видат дури откако ќе се „развијат“ во „позитивна“ слика.

Неверојатни мурали нацртани во негатив

Неверојатни мурали нацртани во негатив

Кога ќе ги видите во живо, муралите изгледаат навистина чудно, но со малку доработување оживуваат. Откако ќе ги фотографирате, потребно е да ги замените боите, односно да ја претворите фотографијата во негатив. Овој предизвик бара добро познавање на теоријата на боите. Самиот Сепк користи тркало со бои за да ги одбере правилните нијанси за неговите дела.

Изработката на делото воглавно е заснована на употребата на бои, секоја боја има блиска боја која е спротивна на другата.“

Неверојатни мурали нацртани во негатив

Неверојатни мурали нацртани во негатив

Концептот е начин на Сепк да еволуира како уметник и да ги помести границите на урбаната уметност. Неговата љубопитност и љубов за откривање го натерале да ја усоврши оваа уникатна техника. Покрај техничките амбиции, тој сакал да вметне нова технологија во неговите дела. Со овие мурали, гледачите мораат да бидат активни и да учествуваат во „изработката“ на делото, користејќи го нивниот телефон или компјутер за да го откријат убавото изненадување.

Неверојатни мурали нацртани во негатив

Неверојатни мурали нацртани во негатив

Неверојатни мурали нацртани во негатив

Неверојатни мурали нацртани во негатив

Погледнете ги и овие неверојатни мурали што светат во темно.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар