Совети за сите оние кои првпат живеат сами

Совети за сите оние кои првпат живеат сами

Ако сте решиле конечно да станете независни, пред вас се многу предизвици за кои веројатно не сте ни свесни. Без разлика дали имате 20, 30 или повеќе години, ништо не може да ве подготви за самостоен живот. Сè што досега ви требаше за најмалку 4 лица, сега се сведува само на вас: од купување намирници и подготвување оброци, до чистење на куќата, поправки и организирање на трошоците. Овие совети ќе ви бидат од голема корист ако одлучите да живеете сами за првпат.

Совети за сите оние кои првпат живеат сами

Одредете го вашиот месечен буџет

Ако не сте навикнати да водите сметка за парите, многу лесно може да се случи да почнете да трошите повеќе отколку што заработувате. Ако одредите месечен буџет што можете да го трошите, нема да имате проблеми со натрупани трошоци, неплатена кирија и празен фрижидер.

Секогаш имајте список со важни броеви при рака

Ви изгледа безопасно сè додека славината не почне да тече неконтролирано, Интернетот престанува да работи или телевизорот одеднаш се расипува. Броевите на водоводџии, кабелски оператори, управителот на зградата каде што сте го изнајмиле станот, најблиската аптека, бравар, електричар и сл. мора секогаш да ви бидат на дофат на раката.

Бидете љубезни кон соседите

Никој не очекува да бидете сосед на годината, но малку љубезност нема да ви наштети. Добрососедските односи можат барем да ви обезбедат преземање на пакетот што сте го нарачале преку Интернет ако не сте дома за време на испораката. Кога сакате да патувате и ви треба некој да ги наводни вашите растенија или да ја нахрани вашата мачка, добро е да имате пријателски однос со соседот.

Одржувајте колку што е можно подобар ред

Бидејќи нема кој друг да расчисти по вас или да ве потсети да го сторите тоа, проверете дали сте го активирале тој аларм во себе. Креативниот неред е сосема разбирлив, но сè што не миете и не чистите денес, ве чека утре, со додавање на нови валкани работи. Оставете го темелното чистење за еден ден од викендот, а другиот ден нека ви биде апсолутна спротивност, така што ќе правите работи што ве опуштаат.

Подигнете ја безбедноста околу вас на највисоко можно ниво

Наједноставниот пристап кон овој проблем е да чувате куче. Тоа ќе ви прави друштво и ќе направи да се чувствувате побезбедно. Од друга страна, ако ви треба поголема безбедност, алармниот систем и менувањето на бравите на влезната врата се некои од опциите што ви се понудени.

Погледнете кои 15 неочигледни знаци покажуваат дека вашиот дом е чист.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар