Совети за оние кои мислат дека не знаат да пишуваат – еве како да ја совладате оваа техника

Совети за оние кои мислат дека не знаат да пишуваат – еве како да ја совладате оваа техника

Пишувањето неретко се препорачува како терапија бидејќи ви ги олеснува душата и мислите. Секој има потенцијал за пишување само што некој одбира да не го развие. Запаметете, пишувањето делумно е техника која може да ја совладате. Вие немате некоја посебна блокада во мозокот која ве спречува да се изразите преку пишаниот збор, туку едноставно сте зацртале во мислите дека не умеете да пишувате. Па така следниот пат за писмената работа по македонски погрижете се сами наместо да барате готови есеи.

Совети за оние кои мислат дека не знаат да пишуваат – еве како да ја совладате оваа техника

Пред да почнеме, да се осврнеме кон овие неколку мали техники кои можат да ви помогнат:

  • На вашата ноќна масичка секогаш нека стои лист хартија и пенкало. Најголемите идеи доаѓаат навечер кога мозокот ќе се смири и кога ги сумира доживувањата од денот. Некогаш и вашите соништа можат да ви помогнат многу па не заборавајте да ги запишете откако ќе се разбудите.
  • Почнете да пишувате дневник. Не вршете си притисок да го пишувате секој ден доколку немате време или инспирација, може да го пишувате и поретко. Битно е да се истренирате себеси да запишувате како се чувствувате.
  • Препуштете ѝ се на бурата на идеи и запишувајте сè што ќе ви падне на памет.
  • Читајте колку што можете почесто.
  • Напишете кратка автобиографија, кратка приказна, писмо (кое не мора да го испратите), како и рецензија за последната книга која ја прочитавте.

Совети за оние кои мислат дека не знаат да пишуваат – еве како да ја совладате оваа техника

1. Заборавете на оправдувања од типот „јас не сум писател“

Никој не вели дека треба да имате Нобелова награда за литература. Секој има потенцијал за пишување, само некој сака да го искористи а друг не. Можете да го поминете цело средно а и факултетот избегнувајќи ги задачите кои од вас бараат креативно пишување под еден изговор – јас не знам да пишувам, или пак да заборавите на сите изговори и едноставно да пробувате пак и пак. Сè зависи од вашиот став, па затоа тргнете со мислата дека можете и дека дури и ако не пишувате многу добро, ќе се надградувате. Пишувањето делумно е талент, но е и техника која се совладува.

2. Фаќајте белешки

Не очекувајте дека во секундата штом ќе седнете пред компјутер, вашиот мозок ќе продуцира совршен текст. Дури и светски познатите писатели искусуваат писателска блокада и периоди кога не можат да останат фокусирани. Пишувањето е како катарза на душата па искористете го максимално. Едноставно запишувајте белешки, пишувајте како се чувствувате, пишувајте за најбанални нешта кои ви доаѓаат на памет. Доколку се фокусирате на совршеноста на вашиот текст, на граматичката точност или на големината на буквите, само си создавате дополнителни притисоци и целата постапка на пишување, која инаку би требало да ве опушта, ќе ви создаде неподнослив притисок.

Совети за оние кои мислат дека не знаат да пишуваат – еве како да ја совладате оваа техника

3. Не пишувајте со некаква цел

Да се разбереме, во животот е добро да имате цели. Сакам да завршам факултет, да си најдам такво работно место, да заминам таму… Ама кога седнувате да пишувате не тргнувајте со ставот сакам да напишам книга и да заработам многу пари или да станам славен или овој текст да го објавам таму. Така го извештачувате целиот процес на пишување. Пишувањето треба да си дојде природно а не форсирано и со претходно смислена цел.

4. Зборувајте си самите со себе

Звучи како постапка на луд човек, па правете го кога никој не ве гледа. Всушност и не е толку страшно како што звучи. Некогаш за да си ги средите мислите ќе почувствувате потреба да гледате во одредена точка во далечина, или да мрморите, или претходно да смислувате делчиња од дијалогот кажувајќи ги на глас. Со тек на време ќе развиете една ваква навидум чудна техника која многу ќе ви помага.

Совети за оние кои мислат дека не знаат да пишуваат – еве како да ја совладате оваа техника

5. Поврзувајте зборови, реченици и параграфи

Како што беше предложено под број 2, некогаш ќе се соочите со лавина идеи и ќе посакате да ги запишете една по една и да фаќате кратки белешки. На почеток тие може и воопшто да немаат смисла, но некогаш коцките си доаѓаат на место многу подоцна. Може да ви текне сосем нова идеја која поврзува некои од претходните идеи. Не плашете се да комбинирате, пишувајте смело, поврзувајте ги вашите идеи, разместувајте параграфи. Најзабавното нешто кај пишувањето е тоа што нема правила. Тоа се ваши мисли, ваши идеи, еден свет кој го создавате сами и чии правила исто така сами ги креирате. Никогаш не се плашете од тој свет.

6. Сумирајте ги вашите идеи

Секогаш кога сте при крај со работата сумирајте ги главните нешта. Која е вашата мотивација? Од што бевте инспирирани? Која е главната порака која сакате да ја пренесете? Дали е постигнат посакуваниот ефект? Како она што го напишавте би можело да допре до некого?

Совети за оние кои мислат дека не знаат да пишуваат – еве како да ја совладате оваа техника

Овие совети се одлични кога станува збор за креативно пишување и уметничко изразување. Но кога станува збор за некаков труд, секако дека постојат правила кои треба да се следат. За повеќе такви совети кликнете тука.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    баш убави совети честитам

Остави коментар