12 научно докажани факти дека читањето го подобрува животот

Благодетите од читањето можеби не ги чувствуваме веднаш, но тоа не значи дека не постојат. Уште како мали нè учеле дека ако читаме книги ќе бидеме попаметни, но тоа не е само уште еден клише израз туку нешто што навистина „држи вода“. Со читањето ни се збогатува вокабуларот, развиваме аналитичко мислење, учиме како подобро да се изразуваме, а може да послужи и како терапија кога поминуваме низ тежок период во животот. Ова се дел од фактите кои докажуваат дека читањето навистина го подобрува начинот на живот.

12 научно докажани факти дека читањето го подобрува животот

1. Читањето спречува заболување од Алцхајмеровата болест

Според истражување од зборникот на Националната академија на науките, постарите личности кои редовно читаат или играат игри кои поттикнуваат ментална активност, имаат поголеми шанси да ја спречат појавата на оваа болест.

2. Ви ја „полни“ главата со корисни информации

Во својот труд „Што читањето му прави на вашиот мозок?“, Ени Канингем тврди дека страсните читатели се попаметни. Не само што со читањето добивате многу информации, исто така активното читање ќе ви помогне да го задржите вашето знаење низ годините. Колку често ви се случило реченицата да ја започнете со Еднаш негде прочитав дека…? Најчесто несвесно преку читањето примаме многу информации за кои никогаш не се знае кога ќе ни притребаат.

3. Луѓето кои читаат се поинволвирани во своите граѓански должности

Едно истражување на Националната фондација за уметност потврдува дека оние кои редовно читаат активно се ангажирани во своите граѓански должности, но и културно се поиздигнати. Што би значело дека читањето нè прави примерни граѓани.

4. Читањето книга ви помага во намалување на стресот и ве расположува

Кога читате вашиот ум е на сосема друго место, па макар за момент ќе заборавите на вашите грижи. Истражување од 2009-та година, докажало дека доколку читате само 6 минути вашето ниво на стрес е намалено за дури 68%. Доколку сте под стрес, фаќајте се за книгата која е најблиску до вас!

12 научно докажани факти дека читањето го подобрува животот

5. Читањето може да ви послужи како терапија

Според Кристел Расел, читањето е најдобар начин да се преиспитаат минатите искуства и да се создаде нова перспектива за нештата. Читањето, исто како слушањето музика, може да ви помогне кога поминувате низ тежок период во животот бидејќи ви нуди нови гледишта, особено доколку читате книга каде главните ликови се соочуваат со слични проблеми како вашите.

6. Ја подобрува вашата меморија

Со секој внес на нова информација во вашиот мозок, вие ја зајакнувате вашата меморија. Мозокот создава нови белешки, ги зајакнува постојните и ја подобрува мемориската функција.

7. Читањето ве прави попривлечни за другиот пол

Ова особено важи за тоа како изгледате во очите на жените. Интелигенцијата ве прави привлечни и поголеми се шансите девојката да почне да ве симпатизира само затоа што ѝ изгледате паметен. Па момци, крајно време е да почнете да минувате повеќе време над книгите.

12 научно докажани факти дека читањето го подобрува животот

8. Читањето ве поттикнува на аналитичко размислување

Со помош на читањето вие полесно ќе забележувате и паметите шеми и ќе го навикнете мозокот на аналитичко размислување.

9. Го зголемува вашиот вокабулар

Колку повеќе читате толку повеќе сте изложени на најразлични зборови. Со читањето го збогатувате фондот на зборови и изрази, полесно ќе може да се снајдете во разговорите и подобро ќе ги искажувате своите мисли.

10. Со читање станувате и подобар писател

Можеби ви се случило кога читате книга од еден автор да го забележите влијанието на сосема друг автор. Исто како што музиката која ја слушате влијае врз формирањето на вашиот стил, добрите автори влијаат врз вашиот начин на пишување и изразување.12 научно докажани факти дека читањето го подобрува животот

11. Книгите со фиктивни приказни ви помагаат да сочувствувате со другите

Иако читате за замислен свет кој не постои, со читањето вакви книги вие искусувате нешто надвор од вашиот ограничен свет. Исто, доколку читате книги за земји каде никогаш не сте биле, вие наоѓате допирна точка со нивната култура и начин на живот. Со читањето може да патувате до најдалечни земји без да го напуштите вашиот дом.

12. Читањето го прави животот полесен

Вилсон Флечер, директор на The National Year of Reading, вели дека „читањето ви ги отвора вратите и ви го прави животот полесен, така што не е важно што читате – колку е повеќе толку подобро ќе се чувствувате”.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар