Музичари кои пеат на француски јазик и кои треба да ги знаете

Музичари кои пеат на француски јазик и кои треба да ги знаете

На нашите радио станици, покрај македонската и балканската, се пуштаат песни од светската музичка сцена кои се отпеани исклучиво на англиски јазик, така што имаме можност подобро да се запознаеме само со одреден мал круг на изведувачи чии дела имаат потенцијал да успеат на американскиот и на англискиот пазар. Сепак, во Европа има уште многу музичари кои своите песни ги изведуваат на својот мајчин јазик поради што неоправдано се игнорирани од музичките канали и станици надвор од матичните земји.

Затоа, ние во продолжение ви претставуваме 8 изведувачи од француското говорно подрачје кои можат да се пофалат со одлична музика. Тие се бават со музика од повеќе различни стилови, па можеби ќе најдете и нешто според вашиот вкус кое можете да го вметнете во вашата плејлиста.

Музичари кои пеат на француски јазик и кои треба да ги знаете

1. Стромае (Stromae)

Стромае е белгиски пејач и композитор кој пред неколку години стана познат во цела Европа со хитот „Alors en danse“. Денеска веќе е најголемата музичка ѕвезда во франкофонскиот свет и важи за голем уметник. Секоја негова песна станува голем хит.

Повеќе од Стромае:

2. Жилиен Доре (Julien Doré)

Жилиен Доре стана познат во 2007 година по победата на едно француско шоу за потрага по млади музички таленти. Паралелно води две кариери, една соло и една со својот стар бенд. Неговите соло албуми се многу послушани.

Повеќе од Жилиен Доре:

3. Ирие Револте (Irie Révoltés)

Ирие Револте всушност е германски бенд, но се наоѓа на оваа листа поради тоа што нивните песни ги изведуваат главно на француски јазик, покрај само неколкуте на германски. Нивните стихови се бунтовнички против денешните текови во европското општество и праќаат силни антинационалистички пораки.

Повеќе од Ирие Револте:

4. Метр Гимс (Maitre Gims)

Метр Гимс е роден во Конго, израснал во Париз каде што повеќе од десет години успешно гради музичка кариера. Неговата музика претставува мешавина од хип-хоп и денс.

Повеќе од Метр Гимс:

5. Кристоф Мае (Christophe Maé)

Кристоф Мае е кант-автор чии лесни хитови се обожувани главно од женската публика.

Повеќе од Кристоф Мае:

6. Кер де Пират (Coeur de Pirate)

Беатрис Мартан е млада канадска пијанистка и пејачка која во музичкиот свет се пробива под уметничкото име Coeur de Pirate (Пиратско срце). Нејзините песни се балади инспирирани од нејзиниот личен живот придружени со нежна музика на пијано.

Повеќе од Кер де Пират:

7. Корсон (Corson)

Нека не ве буни тоа што насловите на неговите песни се на англиски јазик, затоа што само рефрените не се на француски. Инаку тој е француски поп-рок пејач кој досега има издадено само еден сингл, но со него докажува дека и во иднина мора да се следи неговата работа.

8. Кјо (Kyo)

Кјо е француски поп-рок бенд кој ужива популарност веќе дваесетина години. По неколкугодишната пауза, во последните неколку месеци нивната музика повторно се врти по радио станиците.

Повеќе од Кјо:

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Мартина Reply

    А Индила? 🙂

    • Петар Тодоровски Reply

      Неа веќе ја знаете 🙂

Остави коментар