Што мажите буквално мислат за чувството на заљубеност?

Што мажите буквално мислат за чувството на заљубеност?

Да се биде жена која се обидува да си го објасни светот на љубовта и врските, да го сфати она што мажите го мислат, особено кога е во прашање нешто толку длабоко и сложено како заљубувањето, може да биде навистина напорно.

Што мажите буквално мислат за чувството на заљубеност?

Смислата на љубовта е вековна потрага и на писателите ширум светот кои се борат да го доловат токму она што човек го чувствува кога се заљубува.

Секако, некој од великаните како Вилијам Шекспир и Пабло Неруда, го доближија ова чувство преку своите неверојатни дела.

Како е чувството на заљубеност?

Скоро е новозможно да се опишат емоциите и мислите кои ве обземаат кога сте во тек на заљубување.

Какво е тоа искуство што е толку универзално, но тешко е да се опише поконкретно? Дали е тоа така бидејќи кога се заљубувате ви е тешко да размислувате за било што друго, па тешко може да ги пронајдете вистинските зборови?

Да се опише чувството на заљубеност е нешто слично како да ги замолите луѓето да го опишат вкусот на водата. Не можете да го опишете, но сепак, знаете со сигурност дека тоа е тоа откако само ќе пробате.

Опишувањето на ова искуство може да биде навистина предизвик, но доколку си го поставувате прашањето дали она што чувствувате е љубов или не, шансите се навистина големи дека веројатно не е така.

Мажите не разговараат за љубовта толку често како жените, бидејќи за момчињата постојат стереотипи дека искажувањето на емоциите е знак на слабост. Но, вистината е дека мажите се заљубуваат исто толку често и исто толку длабоко како и жените.

И мажите имаат свои искуства обидувајќи се да објаснат какво чувство е љубовта. И покрај тоа што описот на еден човек никогаш нема да биде ист како на друг, останува фактот дека со самото тоа што вложуваат напор да ги опишат своите мисли и чувства, тие докажуваат колку им значи партнерот, а вие не мора да бидете научник за да го разберете тоа!

А еве што одговараат мажите кога им е поставено прашањето: Како е чувството на заљубеност?

1. Како во филм

Тоа е како некој да притисне копче и вие сте во филм. Сè е поврзано со неа, сè што гледате и чувствувате. Пролетта е толку соодветно годишно време за овој момент во врската. Песната на радио не е само песна, таа ги отсликува е твоите мисли. Се чувствувате како постојано да се подготвувате за средба. И сакате да ја проголтате саканата како дивјак.

2. Презаситен на најдобар можен начин

Чувството е како да си презаситен и вознемирен, но на добар начин. Помислуваш за некој друг пред да помислиш на себе.

3. Реакција

Заљубувањето е како пред вас да има копче кое вели: „Притиснете овде за да добиете бесплатни колачиња“. Но, секој пат кога ќе притиснете, добивате птичји измет на главата, но вие постојано продолжувате да притискате, затоа што навистина сакате колаче. И еднаш на секои 100 притискања, добивате колаче. И тоа е најдоброто колаче кое некогаш сте го пробале. И додека го јадете сфаќате дека доброволно ќе се пријавите за птицата да ве „покака“ уште 99 пати со надеж дека ќе добиете уште едно колаче.

4. Секогаш ви е во мислите

Јас не можам да престанам да мислам за неа. Не сум толку занесен, но таа постојано се појавува во мојот секојдневен живот. Кога одам во продавница и купувам, помислувам што би сакала таа. Обично мислам на неа наутро додека се подготвувам за на работа и навечер пред спиење.

За мене тоа е како да сум маѓепсан од љубов. Јас не размислувам за неа на еротски начин, туку на невин и патетичен начин.

5. Одлично, но застрашувачко чувство

Апсолутно е застрашувачко. Чувството е одлично, тоа е точно, но се чувствувате толку слабо, како универзумот да се обидува да го спречи тоа чувство. Се движите како по лушпи од јајца затоа што не сакате да предизвикате катастрофа. Чувствувате многу интензивно, заруменувате лесно, може да се обидете малку да ја оддалечите од себе за да ги смирите своите чувства. Пеколно патување.

6. Тоа е како… да добиете нов лаптоп?

Тоа е како кога ќе купите нов лаптоп. Во почетокот сè се одвива како подмачкано, нема проблеми со хард дискот, обвивката е сјајна и чиста, немате милион работи на вашата работна површина, учите нови кратенки и карактеристики секој ден. Одлично е.

Потоа, полека почнувате да се запознавате. Почнувате да инсталирате некои програми кои знаете дека можат да бидат ризични за вашиот компјутер, „симнувате“ работи кои никогаш нема да ги користите, можеби конечно ќе ја извадите и заштитната пластична фолија од екранот. Мислите дека таа не е повеќе потребна, нели? Сепак, сè уште сè е добро. Компјутерот сè уште работи навистина добро.

Потоа доаѓа периодот кога вашиот лаптоп е побавен од хрчак, се загрева како луд и се исклучува најчесто во незгодно време, софтверот е луд бидејќи имате милион работи инсталирано на него. Па, размислувате да купите нов лаптоп.

7. Буквално како да паѓате

Тоа е како да си паднал во бунар, само што паѓаш во љубов наместо во бунар.

8. Интензивно е

Чувството е одлично. Возбудливо. Минатото ви изгледа далечно. Станува замаглено. Среќно, интензивно време кога сте многу расеани и веројатно ги запоставувате другите делови од вашиот живот, но не ви е грижа.

9. Погубно е

Јас сум бил вистински заљубен двапати до сега. Чувството е неописливо. Тоа е како, постојано да се наоѓам во топол и мек кревет среде снежна бура. Чувствата на радост, задоволство, анксиозност и надеж се огромни, но на добар начин. Ја исполнуваат дупката во вашата душа. Посакувате секој ден да трае вечно.

Потоа, неизбежното кршење на срцето. Кога тоа првпат ќе ви се случи, како да ве убива. Ве уништува целосно. Потоа, доколку имате среќа ќе добиете втора шанса. Втора љубов. И… сфаќате дека сте премногу исплашени за целосно да се вложите во неа. Значи вложувате 70% наместо 100%. И правите премногу грешки. Само затоа што не сакате да ве боли како првиот пат. И бидејќи не се вложивте 100% завршувате збунети и повторно сте повредени.

Тогаш сфаќате дека љубовта е бесмислена, затоа што секогаш боли. И боли долго време откако ќе се случи. Така, ќе почнете да бидете со девојки по случаен избор и ќе спиете со сите затоа што тоа не боли. Или, претпоставувам дека боли многу помалку од љубовта. И сами се убедувате дека сексот без селекција е единствениот начин да го потврдите вашето присуство во светот. Дека тоа е единствениот начин да знаете дека барем на некој на овој свет му се допаѓа она што го правите за него. Вие ја поминувате секој вечер и секој ден размислувајќи за тоа колку сте збунети. Живеете во минатото и уживате во деновите од минатото и деновите кои никогаш не дојдоа.

Конечно, сфаќате дека можеби никогаш повторно нема да сакате. И се помирувате со тој факт.

10. Прави да се чувствувате силно и подготвени сте на сè

Гледајќи назад кога ја запознав сопругата доволно добро за да ја побарам за жена, јас бев подготвен да се борам и да направам сè за неа. Тоа беше она лудо, силно, емотивно чувство.

Можеби сакате да прочитате и зa 7-те важни љубовни лекции што родителите треба да им ги кажат на своите ќерки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар