Шпански омлет: Рецепт за вкусен доручек со компир и јајца

Шпанскиот омлет (Tortilla española) е традиционално јадење во Шпанија кое обично се јаде за доручек или како закуска. Ова вкусно јадење се приготвува од само неколку состојки како компир, јајца и кромид. Шпанскиот омлет е сличен на фритатата, но тој не се пече, а се пржи во тава. Погледнете како можете да го подготвите дома.

Шпански омлет: Рецепт за вкусен доручек со компир и јајца

Потребни состојки (за 4 до 6 лица):

  • 600 г компир
  • 6 јајца
  • 1 голем кромид
  • растително или маслиново масло
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги и исчистете ги компирите, а потоа исечете ги на мали парчиња. Ставете сол по вкус.
  2. Во голема тава додадете масло и пржете ги компирите околу 10 минути додека не омекнат.
  3. Важно е да ја задржат својата форма. Потоа, оставете ги да се оладат.
  4. Во тавата оставете малку масло и испржете го исечканиот кромид. Оставете да се олади.
  5. Во голем сад изматете ги јајцата.
  6. Додадете ги кромидот и компирот, а потоа истурете ја смесата во тавата.
  7. Пржете на умерена температура околу 7 минути. Нежно свртете го омлетот со шпатула и пржете уште 3 до 5 минути додека сите состојки не бидат целосно зготвени.
  8. Исечете го омлетот на триаголници и сервирајте топло. Добар апетит!

Погледнете го и овој рецепт за ладни сендвичи со краставица.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар